ПРИНЦИП НА РАБОТА

UntitledКако работи турбополначот !?

Моќноста на моторот е продукт на пропорционална количина на воздух и гориво која се вбризгува во цилиндарот. Со оглед на тоа дека пропорционално, моторите со поголема зафатнина и поголем проток на воздух произведуваат повеќе моќ. Ако сакате вашиот мотор со мала зафатнина да се однесува нешто налик на високо зафатните мотори, или сакате вашиот мотор со голема зафатнина да произведе повеќе моќ, наша сугестија е да обезбедите поголем доток на воздух во цилиндрите. Со инсталирање на турбополнач, моќта и перформансите, доста драстично се зголемуваат.

Како турбополначот додава повеќе воздух во моторот?
Според сликата:

1. довод на воздух во компресорот
2. издув на компресорот
3. ладилник за доводот на воздух – Интеркулер ( CAC – Charge Air Cooler)
4. усисен вентил
5. издувен вентил
6. довод за воздух во турбината
7. издув на турбината


Компоненти од кои е сочинет класичниот турбополнач:

– Филтер за воздух (не е прикажан) низ поминува и се прочистува кој надворешниот воздух пред да влезе во компресорот(1)

– Воздухот се компримира со што се зголемува густината на воздухот (маса / зафатнина по единица)(2)

– Голем број ан турбополначи имаат ладилник за доводот на воздух (познат како Интеркулер)(3) кој го лади компримираниот воздух со цел да се створи поголема густина и отпорност на детонација

– После поминувањето низ издувниот вентил(4), воздухот влегува во цилиндрите кои имаат константна зафатнина. Со оглед на тоа дека сега густината на воздухот е поголема, секој цилиндар може да прими поголема количина на воздух. Поголемиот притисок на воздухот дозволува и поголем проток на гориво (со сличен однос воздух/гориво). Согорувањетро на поголема количина на гориво резултира со зголемена произведена моќ за истата зафатнина на цилиндрите.

– После согорувањето на горивото во цилиндарот, госовите се испуштаат преку издувниот вентил(5) во издувниот систем.

– После тоа госовите со висока температура продолжуваат кон турбината низ доводот за воздух(6). Турбината прави повратен притисок на моторот што значи дека издувниот притисок на моторот е поголем од атмосферскиот притисок.

– Паѓање на притисокот и температурата се јавува и шири низ турбината(7), која ја користи предноста на енергијата на издувните гасови, со цел да се обезбеди неопходната енергија да се придвижи компресорот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *