VNT

turbokompresori

VNT турбокомпресорите работат така што се контролира влезот на издувни гасови во турбокомпресорот. Со цел оптимизација на моќноста, се одредува интензитетот на проток на издувни гасови кои се користат за придвижување на турбокомпресорот. При ниски вртежи на моторот и помал проток на гориво, VNT лопатките, кои варираат во својата поставеност го контролираат протокот на издувни гасови со што овозможуваат правилно насочување на истиот кон турбинките лопатки, што резултира со зголемен притисок и моќност на турбината. turbokompresori3При високи вртежи на моторот и голем проток на гориво, VNT турбокомпресорот ги префрла лопаткита во отворена положба што резултира со намален број на втрежи на турбокомпресорот, а со самото тоа дава и помал притисок и помала количина на воздух. На овој начин се контролира вројот на вртежи во внатрешноста на турбокомпресорот, а исто така се одржува оптимално ниво на притисок кој му е потребен на моторот. VNT лопатките се контролирани директно со помош на притисокот во компресорот или со помош на вакумски електронски активатор кој директно ја контролира работата на VNT лопатките.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *