WASTEGATE


НЕЗАВИСЕН WASTEGATE И ИНТЕГРИРАН WASTEGATE ПРИДВИЖУВАЧ

Моторите со турбополнач дозволуваат произведувачите на афтомобили слободно да прават возила со импресивни перформанси кога станува збор за излезната снага, посебно кога се работи за помали (покомпактни) агрегати, со помала тежина и зафатнина како и потрошувачка, што автоматски ја намалува и емисијата на штетни гасови. Нискиот степен на бучава на моторот, воглавно е последица на поголемата излезна моќ на самиот агрегат како и помалиот број на вртежи кој го прави моторот. Со цел да се подобри одговорот на турбополначот, неговата големина намерно се намалува, со што би одговарале на пониските степени со бројот на вртежи на моторот. Меѓутоа ова донесува опасност од потенцијално преоптеретување на турбополначот, со тоа што го врти роторот на турбополначот на максимален број на вртежи.

http://www.servisturbina.rs/wp-content/uploads/2014/09/turbokompresor_wastgate-copy.pngНезависните Wastegate повторно се користат, но со оглед на тоа дека пакувањата на овие системи беа проблем, вентилите на Wastegate се вградувани во куќиштето на турбината на турбополначот и е потребна посебен уред да управува со нив. Овој проблем се решава со придвижувачот на Wastegate, со што прават вентилите на Wastegate да се отвораат на однапред подесен притисок на набојот, со што се испуштаат дел од издувните гасови и спречува преоптеретување на турбината. Како паѓа бројот на вртежите , така тие вентили се затвораат и работата на придвижувачкиот клип на Wastegate вентилите е готова. Исто така со спречувањето на прекумерен доток на воздух во моторот, се редуцира и емисијата на азотни оксиди во атмосферата.

Класичниот продвижувач на турбополначот е механичко-пневматски уред кој реагира на притисок на набојот и го отвора вентилот на Wastegate штом ќе се постигне одреден притисок. На притисокот реагираат или доводната цевка или куќиштето на компресорот на турбополначот. Во куќиштето на придвижувачот главни делови се дијафрагма (мембрана), потпорна шолја(комора) и пружина. Пружината е така направена што го потиска виздухот испод мембраната. Овие две компоненти се одвоени со шолјата, која е поврзана со лост за Wastegate кој се ротира.

Доста ретко се случуваат дефекти во тек на редовниот рок на траење на компонентите, но постои можност тоа да се случи. Мембраната може да се скине и евентуално да предизвика кршење на лостот или самата пружина. Најчест проблем е ослабување на пружината поради високите температури па Wastegate се отвора пред време со што се намалува набојот. Во пракса воопшто не е проблем да се провери притисокот на придвижувачот на вентилите со користење на адекватен алат кој е наменет за тоа.

Турбокомпресори со WASTEGATE (регулаторен вентил) се оние кои регулирањето на притисокот на воздухот, кој се испорачува во усисниот систем на моторот, се врши со помош на потисен регулаторен вентил или во некои случаи со вакумски вентил.


ПОТИСЕН РЕГУЛАТОРЕН ВЕНТИЛ

turbokompresori1

Комората-печурка на регулаторниот потисен вентил е поделена на два дела со мембрана. Со зголемување на бројот на вртежите на турбокомпресорот, расте и притисокот на воздухот во усисната грана и турбокомпресорот, па така и во комората на регулаторниот вентил која е директно поврзана со куќиштето на компресорот расте притисокот кај вентилот, се до моментот кога притисокот е доволно голем за да ја помести пружината на клипот на вентилот. Во моментот кога притисокот ќе ја совлада јачината на пружината, се отвора клипот на регулаторниот вентил и овозможува отворање на турбинскиот вентил преку кој дел од издувните гасови директно се праќаат во издувниот систем, поради што во турбината доаѓаат помалку издувни гасови за придвижување на лопатките на турбината а со самото тоа и притисокот на воздухот кој го праќа турбокомпресорот до усисниот грана на моторот е помал.


ВАКУМСКИ РЕГУЛАТОРЕН ВЕНТИЛ

turbokompresori2

Принципот на работа кај вакумските регулаторни вентили е доста сличен со потисниот. Основната разлика помеѓу овие регулаторни вентили е тоа што регулацијата кај вакумскиот вентил се врши со помош на централната единица односно моторот, кој со помош на електро магнетен вентил и вакум го контролира работењето на регулаторниот вакумски вентил. За разлика од потисниот регулаторен вентил кај овие мора да се изработи прецизна калибрација со цел да се овозможи непрекинато и правилно работење на турбокомпресорот. Нестручните подесувања на овие типови на вентили може да доведе до сериозно оштетување или тотална хаварија на турбокомпресорот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *